August 11, 2014

Белград, 11. август 2014 (ИНПРЕС) – Белградската полиција го уапси 19-годишниот С.С. поради „загрозување на сигурноста на највисоки државни функционери“.

Во официјалното соопштение се наведува дека, сега уапсениот С.С., на 10-ти август во неколку наврати се јавил на бројот 192 и упатил сериозни закани до премиерот на Србија Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

По налог на Судот, на С.С. му е одредена мерка задржување во траење до 48 часа. (Крај)

извор: Б92 фото: архива