Бризбејн, 8. април 2016 (ИНПРЕС) – Австралиската полиција уапсила Албанец под обвинение дека подготвувал теористички напад во Бризбејн.
Според Балкан веб, станува збор за 23-годишниот Агим Круези, роден во Австралија. Како што јави МИА, тој планирал да изврши терористички напад во предградието на Бризбејн, Логан.
Австралиските власти покренале обвинение против Круези со 15 точки, главно поврзано со тероризам.
Засега властите не го соопштуваат точното место каде требало да биде извршен теористичкиот напад.
Заедно со Круези е уапсено уште едно лице, кое се товари за поврзаност со ИД, поседување оружје без дозвола и негов илегален транспорт од Сиднеј до Логан и подготовка на терористички акти. (Крај)
извор: МИА фото: архива







