Атина, 31. август 2015 (ИНПРЕС) – Седумнаесет годишен имигрант беше убиен во Грција во вооружен судир меѓу полицијата и трговци со луѓе.
Грчките власти соопштија дека престрелката се случила покрај островот Дими, кога јахта со 70 имигранти се обидела да влезе нелегално во грчките територијални води од Турција.
Грчката крајбрежна стража и припадници на европската погранична агенција Фронтекс успеале да ја запрат јахтата и се качиле на неа.Престрелката почнала за време на спор меѓу полицијата и тројца мажи осомничени за трговија со луѓе, кои биле турски државјани. Едниот од нив признал дека ранил полицаец. (Крај)
извор: Утрински фото: архива







