July 24, 2015

Загреб, 24. јули 2015 (ИНПРЕС) – Уставниот суд во Загреб ја укина правосилната пресуда, со која поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на затворска казна од осум и пол години за случаите „Хипо“ и „Ина – Мол“.

Пред три дена во главниот хрватски град се одржала седница по повод уставната жалба на Санадер. Засега не е познато дали одлуката е донесена едногласно и какви последици ќе има од неа, но се’ поизвесно е дека судењето на Санадер по овој предмет ќе биде повторено.

Претходно, загрепскиот Жупаниски суд го прогласи поранешниот хрватски премиер за виновен за извршување на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и го осуди на единствена казна затвор од осум и пол години. За виновни во најголемата корупциска афера во Хрватска „Фими медиа“ се прогласени и останатите обвинети, меѓу кои и партијата ХДЗ. (Крај)

извор: index.hr фото: архива