June 24, 2015

Истанбул, 24.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во источниот турски округ Ван, соопшти и истанбулската сеиозмолошка опсерваторија Кандили.

Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од градот Ван во регионот на селото Молакасам.

Земјотресот е регистриран во еден часот по полноќ, а се случил на длабочина од пет километри. Неколку минути по него следувал вторичен потрес со интензитет од 3,2 степени.

Нема информации за евентуални ранети или за причинета материјална штета. (Крај)

извор:Телма фото:архива