Будимпешта , 6.јули 2015 (ИНПРЕС) – Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се заоструваат правилата за азил и се дава правна основа за подигнување ограда вдолж границата со Србија, за да се спречи прилив на илегални мигранти.
Со законот се скратува периодот за проверка на азилантите, а на Будимпешта и се дава можност да отфрла барања на азиланти од Сирија, Авганистан или Ирак кои претходно минале низ некоја безбедна држава.
ОН и Советот на Европа претходно го критикуваа предложениот закон, со оцена дека со него се ослабува заштитата на бегалците во Унгарија.(Крај)
извор:Инпрес фото:архива