Будимпешта, 14.септември 2015 (ИНПРЕС) – Вооружени со автомати околу 4.300 унгарски војници ќе ја чуваат границата со Србија која утре целосно ќе биде затворена, а премиерот Виктор Орбан најавува дека секој што ќе успее да влезе ќе биде вратен во соседната земја.
Војниците дури имаат и наредба да пукаат доколку почувствуваат дека им е загрозена безбедноста од напливот бегалци што ќе се создаде на границата.
Од границата со Унгарија, пристигнуваат вести дека бројот на мигранти се зголемува бидејќи тие сакаат да ја минат шенгенската граница пред 15 септември, за кога Унгарија го закажа целосното затворање на границата за бегалците.(Крај)
извор:Телеграф фото:архива