Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Утревечер Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Утревечер во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи шестиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos.

Присутната публика уште еднаш ќе има можност да ужива во хорските композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани, а на годинашниот фестивал за првпат ни гостуваат хорови од Словенија и Албанија, вели за Супер радио и InPress диригентот на „Вокс Лихнидос“, Бурим Хидри.

– Како домаќини, ќе настапиме со композициите Ubi caritas – О. Gjeilo, Konj – I. Matvienko, аранжман I. Denisova, потоа Besame mucho – C. Velasquez, аранжман J. Galvan и Mad world – Tears for fears, за која јас го направив аранжманот. Големо е задоволството што е препознаен квалитетот на нашиот фестивал, па за првпат имаме гости од Албанија и Словенија, кои ќе го претстават својот опус пред охридската публика. Тоа се меѓународниот камерен хор „Buj Art“ од Тирана, младинскиот хор на ОУ „Комен“ и машкиот и мешаниот хор „Franc Zgonik“ од Браник, Словенија, потенцира Хидри.

Ќе гостуваат и два ансамбли од Србија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда и мешаниот хор „Бачки певачи“ од Врбас, како и најдобриот и најнаградуваниот хор од Македонија, женскиот младински хор при МКЦ Скопје, предводен од диригентот Сашо Татарчевски.

Почетокот на фестивалот е во 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Оваа хорска сезона Vox Lychnidos ја започна со освојување на сребрен медал на Меѓународен хорски фестивал што се одржа во Херцег Нови, Црна Гора. Освен за фестивалот, хористите периодов се подготвуваат и за учество на уште еден хорски натпревар, што на почетокот на јули ќе се одржи во Ниш, Србија. Впечатливо за овој натпревар е што хоровите не се пријавуваат, туку се натпреваруваат на покана на организаторите.

Благодарение на квалитетот во изведбите, изборот на композициите и одличната соработка на хористите и диригентот за време на настапите, што го препознаа стручњаците во оваа област, Vox Lychnidos е поканет да учествува на овој натпревар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Младите риболовци од охридскиот клуб „Св.Апостол Петар“ апсолутни победници на Државно првенство во спортски риболов
Next Оваа сабота свечено отворање на италијанскиот ресторан DaLori во Охрид

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.