Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер ќе биде отворена изложбата „Издигнување“ на Христијан Томаноски

Утревечер ќе биде отворена изложбата „Издигнување“ на Христијан Томаноски

Охрид, 24. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата „Издигнување“ од авторот Христијан Томаноски.

Насловот „Издигнување“ е инспирација од стиховите од воведните песни на збирката на Шарл Бодлер „Цвеќињата на злото“. Низ неколку дела проткаени се и други стихови од повеќе автори, поврзувајќи и надополнувајќи ги делата со цел проширување на просторот на самите дела.

– Комбинирањето на повеќе стилови и техники во творењето на дигитални и традиционални скици, илустрации и дизајни во различни ми помогнаа да ја поставам основата за креирањето на визуелниот јазик на оваа изложба. Сега целта, е еден кохерентен јазик на комбинирање на едноставноста и експерименталноста на графиката изразена преку илустративен пристап, вели авторот Томаноски.

Тој е роден во Струга, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн. Работел како едукатор за визуелни уметности и дизајн. Се занимава со графички дизајн, илустрација. Еден е од основачите на здружението ИНКА. Работел на сценографијата на СВП и како дел од тимот за продукција на фестивалот. Од 2018 година работи како соработник за визуелни уметности во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Пријавени 66 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени
Next ЈП „Охридски комуналец“: Повлечени контејнерите од Грашница, граѓаните да не депонираат отпад на оваа локација

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.