April 10, 2023

Охрид, 10. април 2023 (ИНПРЕС) – Утре без вода ќе бидат жителите од високата зона на стариот дел на градот.

– Поради приклучување на новиот цевковод на улицата „Браќа Миладиновци“ во водоводната мрежа, утре, вторник, 11-т и април, од 08:00 до 16:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на сите улици од високата зона на стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива