Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре во Лагадин традиционално ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Утре во Лагадин традиционално ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Охрид, 29. септември 2023 (ИНПРЕС) – По повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните верници од Охрид, утре од 12:00 часот, традиционално ќе се соберат на црковно народен собир пред црквата во туристичката населба Лагадин.

Охриѓанецот Љупчо Патче ја изгради црквата во Лагадин по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој ден, верниците палат свеќи оддавајќи почит кон четирите маченички и молејќи се за здравје и благосостојба на нивните блиски.


Трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија заради својата вера и љубов кон Христа биле погубени. Тие живееле во првата половина на вториот век по Христос за време на владеењето на императорот Хадријан. Во овој период врз христијаните биле вршени големи прогони. Таа судбина ги снашло и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж. Биле измачувани затоа што одбиле да принесат жртви пред идолот на Артемида. Трите сестри биле измачувани пред очите на нивната мајка за потоа да им бидат отсечени главите.

Мајката Софија ги погребала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Со искачување на Вихрен ќе бидат заокружени активностите на Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио за поддршка на лицата со мултипла склероза
Next ГКК Охрид на мегдан со Вардар во дебитантскиот натпревар во Првата кошаркарска лига

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.