Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре започнува Ohrid Water Festival

Утре започнува Ohrid Water Festival

1 min read

Охрид, 18. август 2023 (ИНПРЕС) – Со пливачки митинг и Меѓународна охридска веслачка регата утре започнува Ohrid Water Festival.

Организатор на митингот е пливачкиот клуб „Акваспирит“, а ќе се одржи на базенот „Атина Бојаџи“. Пријавени се над 150 пливачи, од 15 клубови и школи. Натпреварувањето е поделено во два дела и тоа утрински 08:00 до 12:00 и попладневен од 16:00 до 19:00 часот. Меѓународната охридска веслачка регата е во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“, а ќе се одржи на плажата Горица 1 (Кај Дивоно) од 08:00 часот.

Програмата во рамки на деветте фестивалски денови сé до 27-ми август, опфаќа 17 спортски настани, надополнета со голем број социјално-забавни настани. Ќе има кајакарска и едриличарска регата, триатлон, водени лудории, трка со СУП даски. Фестивалот ќе биде заокружен со акватлон и регата со традиционални кајчиња.

Забавниот дел на фестивалот ќе стартува во понеделник, на 21-ви август со концерт на Ѓоко Танески, а ќе финишира на 27-ми август со концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.

Фестивалот има неколку цели, а трите главни се промоција и развој на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда. Централен настан ќе биде традиционалниот Охридски пливачки маратон.

Ohrid water festival како спортско туристички производ е поделен во два дела, спортски и социјално едукативен дел што ќе се случува во вечерните часови, ќе има концерти, забава со Dj-и, панел дискусии, изложби, промоција на храна и пијалоци автентични за охридскиот регион.

– Низ заедничка соработка, конечно успеавме од зборови да преминеме на дела и нашите идеи да ги претвориме во реалност. Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот, подвлече градоначалникот Кирил Пецаков на неодамнешната прес конференција.

На официјалната веб страна на фестивалот ohridwaterfestival.mk може да се најде комплетната фестивалска програма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous SUPER Fresh music: David Guetta & Morten – Something To Hold On to
Next Утре „езерско“ фудбалско дерби, Караорман гостува во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.