Охрид, 30. април 2024 (ИНПРЕС) – Во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, утре и задутре (1-ви и 2-ри мај) ќе се реализира проектот „Играме шах на кеј“.
Охриѓани и гостите ќе може да ги одмерат силите со младите шахисти од „Ласкер“ пред хотелот „СУ“ во периодот од 12:00 до 18:00 часот.
Целта на ваквиот настан, што се реализираше и изминатите години е промоција на шахот како игра во која може да се вклучат најразлични возрасни категории.
Воедно, од клубот ги повикуваат сите што се во можност да донираат 100 денари или 2 евра, со што ќе помогнат шахистите да може да учествуваат на Државните првенства што од 23-ти до 29-ти јуни ќе се одржат во Струмица. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







