Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре на полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските кандидати

Утре на полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските кандидати

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 7. март 2024 (ИНПРЕС) – До утре до 24:00 часот трае собирањето потписи за кандидатите кои претендираат да влезат во изборната трка за претседател на државата.

Заклучно со синоќа до 20:00 часот, собрани се вкупно 110.298 потписи. Засега седум кандидати имаат собрано над 10.000 потписи.

Потписи се собираат во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Подрачните одделенија работат две смени и тоа денес до 20:00 часот, а утре од 08:00 до 24:00 часот.

ДИК презема чекори за олеснување на формално-правната процедура за кандидатите кои ќе се натпреваруваат за претседател на државата. Со новиот механизам, ДИК автоматски ќе ги прибавува потребните податоци од соодветните регистри на надлежните институции за да потврди дека кандидатите ги исполнуваат уставните и законските услови за кандидатура.

Ова значи дека кандидатите повеќе не треба самите да обезбедуваат потврди за нивниот државјанство и жителство во Република Македонија.

Исто така, ДИК го усвои Водичот за гласање за лицата со попреченост, што им овозможува на овие лица полесен пристап и учество во гласачкиот процес. Ова е чекор кон подобрување на изборниот процес и овозможување на сите граѓани да ги исполнат своите демократски права без пречки. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Германец 217 пати се вакцинирал против COVID-19
Next Водостојот на Охридското Езеро и понатаму под мартовскиот просек

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.