Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре нуркање за деца со НЦ „Амфора“ во посебен базен пред хотелот „Палас“

Утре нуркање за деца со НЦ „Амфора“ во посебен базен пред хотелот „Палас“

1 min read

Охрид, 23. август 2023 (ИНПРЕС) – Најмладите утре ќе имаат можност да навлезат во тајните на нуркањето во посебен базен во дворот на хотелот „Палас“ со нуркачите од Центарот „Амфора“, како дел од активностите на Ohrid water festival.

– Децата ќе бидат опремени со модерна опрема прилагодена специфична за нивната возраст во строго контролирани услови. Пред да се започне со активноста, ќе има обука на која децата ќе се запознаат со нуркањето и нуркачката опрема. Во текот на нуркањето ќе се направат подводни фотографии и видео и ќе се доделат дипломи. Настанот е поддржан од Општина Охрид, Флуид Проект – Скопје, Scubapro и Scuba Schools International, информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“.

Додаваат дека нуркањето е бесплатно за сите учесници кои задолжително треба да дојдат со родител/старател, а пријавувањето на кандидатите ќе може да се изврши преку нивната Facebook страна или на телефонот 071/359-810.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous SUPER Fresh music: The Chainsmokers & Shenseea – My Bad
Next Во охридските основни училишта досега се запишани 445 првачиња, 50-на помалку во однос на лани

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.