Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре последен рок за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии

Утре последен рок за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии

1 min read
Утре последен рок за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии

Скопје/Охрид, 30. март 2023 (ИНПРЕС) – Утре напладне истекува рокот по јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 – 2025 година, објавен од министерството за транспорт и врски.

Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– Да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници
– Да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година
– Да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година
– Да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите.

Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед:

– Период на oперирање на дестинацијата
– Број на неделни летови
– Атрактивност на аеродромот кон кој оперира
– Број на седишта понудени на продажба

Во однос на износот на финансиската поддршка, таа ќе изнесува:

– 7 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје
– 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31-ви март 2023 година до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски. Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи на ден 03.04.2023 година во 12:00 часот.

Комисијата задолжена за спроведување на јавниот повик, составена од номинирани претставници од повеќе државни институции, стои на располагање во текот на времетраењето на јавниот повик за сите дополнителни информации.

Јавниот оглас е објавен во Службен весник и на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.

На претходниот повик понуди доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но истиот беше поништен бидејќи по евалуација на доставените понуди Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре јавна дебата за потребата од катна гаража во Охрид
Next Македонија земја партнер на меѓународниот саем за туризам во Ниш

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.