Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Дебрца, 26. април 2024 (ИНПРЕС) – Утре започнува турнирот во мал фудбал „Св. Никола“ во селото Требеништа, што годинава се организира првпат.
Организаторите за Супер радио и InPress информираат дека се пријавени 31 екипа, ќе се игра 5+1, а секоја екипа содржи од 6-12 играчи. Ќе се играат по три натпревари на ден.
Наградниот фонд е 185.000 денари. За прво место 100.000 денари, второ место 50.000, трето 30.000 и четврто место 5.000 денари.
Финалето е закажано за 22-ри мај.
Натпреварите ќе се играат во вечерните часови, во балон салата „Аминта III“ во селото Требеништа. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
