July 19, 2015

Атина, 19. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грчката влада нареди утре да се отворат вратите на банките.

Ваквата наредба доаѓа откако банките три недели беа затворени за да се спречи излив на готовина надвор од земјата. Владата донесе указ со кој дозволи отворање на банките и нови порелаксирани прописи за провлекување, односно постави нов кумулативен неделен лимит од 420 евра додека и натаму остана лимитот за повлекува на 60 евра на ден.

Во декретот се вметнати и контролни мерки за движењето на капиталот, со што се забранува и отварање на нови сметки на корисници и делумен блок на капитални трансфери. (Крај)

извор: balkaninsight фото: архива