Охрид, 28. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2023 година.
Утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот во просториите на Службата за трансфузиона медицина ќе се одржи средношколска крводарителска акција.
– Ги покануваме сите хумани средношколци да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвениот крст. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива