Загреб, 3. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Утре Унгарија ќе ја затвори границата со Хрватска, пишува загребскиот весник “Јутарни лист”.
Оградата долж границата, која е висока 3,5 метри, веќе е поставена и во моментов се става дополнителна симултана жица, прецизира весникот. За две недели унгарската армија работи без прекин на поставувањето на оградата и конечното завршување на градежните работи се очекува да се случи утре. Оградата е вметната и на граничните премини Баранско Петрово село -Беременд и Падравина, во општина Гола. Преку овие две места за само две недели од Хрватска во Унгарија поминаа речиси 100 000 мигранти, кои претходно пристигнаа од територијата на Србија. (Крај)
извор: БГнес фото: архива
