Охрид, 15. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Утре на подрачјето на Општина Охрид ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 часот во вторник, на 16 јуни, до среда, во 06:00 часот.
– Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје, на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, потег на реките Грашница и Коселска. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
