Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.
– Од утре ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има услови за повремен локален дожд претежно во јужните и западните делови од земјата и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес







