Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • УХМР: Продолжува периодот на многу топло време со температури и над 35 степени, на сила жолто и портокалово ниво на опасност

УХМР: Продолжува периодот на многу топло време со температури и над 35 степени, на сила жолто и портокалово ниво на опасност

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. август 2023 (ИНПРЕС) – Продолжува периодот на многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија.

– Насекаде ќе биде активирано жолто, а во делови и портокалово ниво на опасност од висока температура.
Од утре во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи повремено поинтензивна и проследена со ветер, а постабилно ќе биде во петок и недела, потенцираат од УХМР.

Од Центарот за јавно здравје Охрид излегоа со препораки до граѓаните во насока на заштита од високите температури.

– Во овие топли летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центарот е на располагање со мобилни екипи подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните административни формалности и да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати. Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 046/231-030 или 078/488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар, апелираат од ЦЈЗ.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Независниот советник Наумоски предлага три улици без уличен систем да се именуваат по Тодор Александров, градоначалникот Јован Стојаноски и Марко Бошнаков
Next Билтен на СВР Охрид: Во Пештани приведено лице од Охрид кое физички ја нападнало неговата мајка

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.