Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 17. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Подигнување на свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата е целта на E twinning проектот „Каде се моите стапалки“ (Where are my footprints), во кој учествуваат ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.
Дел од проектот се учениците Филип Атанасов, Михаил Јанески, Мартин Јанески, Никола Ончев, Мелани Тасеска, Кети Јоноска и Марко Попоски, заедно со професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, а вклучени и наставници и ученици од Грција, Франција, Романија, Казахстан, Турција и Азербејџан.
– За таа цел ќе се организираат различни активности како организирање состаноци во училиштето за дизајнирање на различни материјали, лого и постер, организирање на вебинари, спроведување разни активности, кампањи и слично. На почетокот на проектот, се пресмета јаглеродниот отпечаток на секој учесник преку организирање на прашалник. Ајде да видиме каков ќе ни биде резултатот после 3 месеци, велат од училиштето. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
