Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Уште утре пријавување за обуката за негувател/ка на стари лица организирана од Црвен крст Охрид

Уште утре пријавување за обуката за негувател/ка на стари лица организирана од Црвен крст Охрид

1 min read
Auto Draft

Охрид, 14. март 2024 (ИНПРЕС) – Утре истекува рокот за пријавување на конкурсот на Црвен крст Охрид за обука на негувател/ка за помош на стари лица според верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

– Обуката содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за Негувател/ка за помош и нега на стари лица. Заинтересираните полнолетни кандидати ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046/261-909 и 070/315-309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, информираат од организацијата.

Заинтересираните кои ќе бидат дел од обуката и ќе се стекнат со високообразовен сертификат за негувател/ка, стануваат дел и од тимот на негуватели во Центарот за нега при Црвен крст Охрид и добиваат можност за вработување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous На крај на месецов започнува летното сметање на времето
Next Завршни зборови на адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за поставување на знамето „Сонцето од Кутлеш“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.