Скопје, 20. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Системот „Мое Осигурување“ функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот, информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).
– До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум (20 февруари 2023). Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во ,,Мој Термин”. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија од фондот.
Додаваат дека активно се работи и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации и очекуваат дека во текот на денешниот ден ќе бидат вратени и останатите системи. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива