Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ФЗОМ: Податоците на граѓаните се безбедни, од наредната недела се очекува и исплата на платите

ФЗОМ: Податоците на граѓаните се безбедни, од наредната недела се очекува и исплата на платите

Скопје, 17. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Во координација со јавните здравствени установи, се очекува потребната документација за исплата на плати да се прибере најдоцна до понеделник, а со цел што поскора исплата на платите на здравствените работници, информираат од Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Ги демантираат наводите дека податоците на граѓаните се украдени и уверуваат дека здравствените и личните податоци на граѓаните се целосно безбедни.

– Оваа прилика би сакале да ја искористиме можноста и повторно да потврдиме дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Ја уверуваме јавноста дека ги користиме сите расположливи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност, а со привремените решенија кои Фондот ги операционализира во кус рок, се надминуваат дел од проблемите, особено и се овозможува функционирање на системот во услови на сајбер напад, соопштија од Фондот.

Додаваат дека во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи.

– Подрачните служби на Фондот функционираат согласно препораките и во континуитет ги примаат барањата, а контролорите од Фондот веќе е и започнуваат со контроли на терен врзани со спроведувањето на сите споделени упатства и насоки за работење, стои во известувањето.

Сите осигуреници непречено можат да се обратат до подрачните служби кои се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре СИТЕ на ракомет, Охрид го пречекува Вардар
Next Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе се одбележи во Младински Центар Охрид

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.