January 30, 2015

Атина, 30. јануари 2015 (ИНПРЕС)  – Францускиот премиер Мануел Валцер се обиде да ги смири стравувањата за еврозоната, инсистирајќи на тоа дека Грција ќе остане дел од монетарната унија.

– Грција треба да остане во еврозоната и ќе остане, изјави новиот грчки премиер Алексис Ципрас.

– Ова е единствениот начин. Нема “потреба од грижи” за можно излегување на Грција од зоната на единствената валута. Треба да и помогнеме на Грција да излезе од кризата. Во исто време, сепак, Грција треба да ги почитува обврските. Ова е начинот на кој функционира ЕУ, продолжи францускиот политичар. (Крај)

извор: AFP фото: архива