January 26, 2023

Охрид, 26. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Деновиве во Охрид престојуваа претставници од колеџот Жеси де Форест од Авен сур Хелп, Република Франција.

Професорката Кристел Леруа и шеф Фредерик Рус реализираа Eразмус+мобилност за продлабочување на односите со Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

Делегацијата оствари средба со деканот на ФТУ проф. д-р Снежана Дичевска и раководителот на студиската насока гастрономија доц. д-р Климент Наумов, како и со директорот и управата на училиштето „Ванчо Питошески“. Се разговараше за идни проекти и реaлизација на нови мобилности во Франција на студенти и ученици од двете институции, како и професорски кадар.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Во кабинетот по готварство при ОУТУ „Ванчо Питошески“ се изврши демонстрација на подготовка на топло тесто (pâte à choux) и слаткарски крем (crème pâtissière) како и нивна терминална реализација и спојување во форма на еклери и профитероли од страна на шеф Фредерик Рус, а во асистенција и јазична практична интерпретација на професор Климент Наумов. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива