August 5, 2016

Приштина, 5. август 2016 (ИНПРЕС) – Непознати напаѓачи фрлија експлозивна направа во зградата на косовскиот парламент.

Како што соопшти локалната полиција, експлозивот бил фрлен од растојание и при нападот нема настрадани лица.

Косовските медиуми јавија дека две лица на мотор истрелале граната во зградата. Дневниот весник „Експрес“ тврди дека на парламентот е испукана „зоља“, пренесува РТС.

Косовската полиција го затвори реонот околу зградата на парламентот во Приштина. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива