Приштина, 19. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Седницата на косовскиот парламен денеска е прекината веднаш по започнувањето, откако опозицијата повторно фрли солзавец во салата. Инцидентот се случил во момент кога се обраќал претседателот на „Самоопределување“, Висар Имери.
Косовската опозиција, како што известуваат медиумите, најавила дека ќе ја блокира седницата на Парламентот.
Пред зградата на Собранието во Приштина веќе има голем број приврзаници на опозицијата, кои бараат распишување вонредни избори и поништување на спогодбата за Заедницата на српски општини, како и демаркација на граничната линија со Црна Гора.
Таму се распоредени и силите на специјалната косовска полиција.
На дневен ред на седницата требаше деа бидат точките кои се однесуваат на процесот на визната либерализација на Косово со ЕУ. (Крај)
извор: Телма фото: архива







