Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ФТУ домаќин на транснационална тренинг конференција за одржливи практики во кулинарството

ФТУ домаќин на транснационална тренинг конференција за одржливи практики во кулинарството

1 min read

Охрид, 31. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ) беше домаќин на втората транснационална тренинг конференција за одржливи практики во кулинарството и развој и генерирање на дигитални алатки и ресурси што ќе се користат во образованието.

Конференцијата е дел од проектот SCOOK во рамки на акцијата КА220VET од Еразмус + програмата.

Настанот се одржа во Охрид и Битола, а покрај професорите и студентите од ФТУ Охрид учествуваа професори и професионалци од АТУ универзитетот во Голвеј, Ирска, Едукативниот центар за кулинарство Медитеранео во Валенсија, Шпанија, Школата Жесе де Форест од Авен, Франција и Факултетот за биотехнички науки од Битола, Македонија.

– На конференцијата се одржаа серија работилници согласно целите на проектот кој се вклопува со приоритетите на ЕУ за одржлив развој како дел од Агендата 2030 на ОН. Беа одржани предавања во делот на развој и имплементирање на дигиталните алатки во образованието, како и теми поврзани со организирана целосна дигитализација во агроиндустрискиот сектор. Презентирани беа низа практични примери за одржливост во делот на прехранбената индустрија и кулинарството. Покрај тематските предавања, дискусии и обуки, беа организирани и теренски активности во Охрид и Битола, преку кои останатите партнери имаа можности да се запознаат со одржливост на производството во млекарската индустрија согласно стратегијата F2F, традиционални кулинарски практики како и со одржливо органско пчеларење, информираат од ФТУ Охрид.

Додаваат дека преку синергија на експертиза и искуство кое во проектот го носат сите партнери, како и дебатите, заклучоците од организираните активности, може да се констатира дека целите на проектот, се актуелизираат, промовираат и се реализираат според предвидената динамика. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Стојковски за РСЕ: Палење трска во Охридското Езеро е единствен случај во кој ДИЖС поднел кривична пријава во изминатава година
Next Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Слични вести

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.