Брисел/Тирана, 31. март 2016 (ИНПРЕС) – Патот на Албанија кон Европска унија е долг и неопходно е властите да се борат против корупцијата.
Ова во Тирана го изјави еврокомесарот Јоханес Хан, на средбата со албанското раководство на седница на Националниот совет за интеграција на оваа земја. Хан пред првите луѓе на Албанија побара земјата да ги реализира сите потребни реформи за да го продолжи својот пат кон европските интеграции. Реформите во судството и сите други сфери кои од Тирана ги имаа побарано ЕУ, треба што побрзо да се остварат.
Хан побара соработка на власта и опозицијата во Албанија за реализирање на клучните реформи без кои нема да има напредок во интеграциите на земјата во ЕУ. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива