Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Хан: За слободата на медиумите на Балканот не се преговара

Хан: За слободата на медиумите на Балканот не се преговара

1 min read

Брисел, 4. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Некои велат дека ЕУ загубила интерес за слободата на медиумите во Западен Балкан и Турција. Изминатиов период видовме неколку случаи на заплашувања на новинарите на најразлични начини. Но да бидам јасен – слободата на медиумите е во јадрото на прцоесот на ЕУ интеграција и за тоа не се преговара, порача денеска на конференцијата за состојбата со медиумите Speak Up! 3, во Брисел, Јоханес Хан.

Хан порача дека невозможно е соодветно да функционира владеењето на правото во некои земји каде што судиите носат одлуки против новинарите само затоа што критикувале премиери или владини претставници.

Тој дополни и дека транспарентноста на медиумите доаѓа со транспарентност во сопствеништвото. Еврокомесарот потенцира дека јавните пари во медиумите не смеат да се трошат без одговорност.

Тој вели слободата на медиумите е важна за општеството, а со тоа и земјата станува поцврста.

Тој подвлече дека во некои земји од Западен Балкан и Турција ситуацијата е влошена, а владите придонеле за да внесат страв во работењето на новинарите и медиумските работници. (Крај)

извор: Нова ТВ фото: архива

Post navigation

Previous Австрија постави бодликава жица на границата со Словенија
Next Романскиот премиер си поднесе оставка

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.