Брисел/Приштина, 7. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан им порача на властите во Приштина дека продолжувањето на дијалогот со Србија е законска обврска на Косово, како и дека во претстојниот извештај за напредокот ќе истакне дека Косово постигнало напредок, но и оти и натаму се соочува се сериозни предизвици.
Еврокомесарот Јоханес Хан изразил надеж дека до крајот на 2015 година ќе се создадат условите за препорака за визната либерализација за државјаните на Косово, пренесуваат регионалните медиуми.
Хан ги повикал сите политички фактори на Косово на почитување на институцијата за да се овозможи нивното функционирање, откако претходните денови беше оневозможувано работењето на косовскиот парламент со инцидентите и протестите на опозицијата, а седниците беа прекинувани со фрлање на солзавец. „Блокадата на собранието може да има влијание и врз односите со ЕУ, откако во прашања се некои закони кои треба да бидат усвоени во собранието“, порачал Хан. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива