Љубљана, 22. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Барањето за слобода на лидерот на радикалите Воислав Шешељ е неприфатливо, особено поради тоа што пресудата е веќе напишана, но не е објавена, изјави Флоренс Хартман, поранешен портпарол на Хашкото обвинителство.
Според неа, условно ослободување на Шешељ не е оправдано или во однос со човековите права.
– Никој друг не е предвреме ослободен на овој начин. Секој треба да каже дали е виновен или не, рече Хартман за словенечки весник.
Коментирајќи во врска со ситуацијата во Хрватска за процесот на помирување и судење во Хаг, Хартман рече дека станува збор за “премногу бавен напредок”. (Крај)
извор: B92 фото: архива