Приштина, 27. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Ќе и служам на земјата и на граѓаните на Косово и тоа на сите. Ќе градам ново европско Косово кое ќе биде дел од ЕУ и НАТО и ќе ги продолжам одлучните односи со САД, изјави Хашим Тачи кој во третиот круг на гласање во косовскиот парламент беше избран за претседател на Косово.
Во текот на предходните два круга не го доби потребниот број на гласови.
За претседателот на демократската партија на Косово и поранешниот командант на ОВК гласаа 70 проценти од вкупниот број на 82-ца присутни пратеници во парламентот, а меѓу нив беа и пратениците од Српската листа. Хашим Тачи јавноста го памети и како дел од преговарачкиот тим за Косово, во Рамбује. Неговиот ривал Рафет Рама ја доби поддршката од само двајца пратеници.
Хашим Тачи е петтиот шеф на косовската држава и четврти кој бил избран во третиот круг од гласањето, како и неговите предходници Ругова, Сејдиу и Пацоли, а единствено Атифете Јахјага беше избрана уште во првиот круг.
По последните парламентарни избори неговата партија формира коалициска влада со Демократскиот сојуз на Иса Мустафа, при што беше договорено Мустафа да биде премиер, а Тачи претседател на државата. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива