March 30, 2015

Хаг, 30. март 2015 (ИНПРЕС) – Судскиот совет на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија донесе одлука лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ повторно да се врати во притвор во Хаг.

Шешељ привремено беше пуштен на слобода поради здравствени проблеми, јави Радио телевизија Војводина – RTV.

Шешељ од своја страна изјави дека нема да се врати доброволно во Хаг. Советот одлучил по барање на обвинителството за итно повлекување на одлуката на Трибуналот за ослободување на Шешељ. (Крај)

извор: Фокус фото: архива