Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Хаг, 31. март 2016 (ИНПРЕС) – Хашкиот трибунал денеска го ослободи Воислав Шешељ од сите девет точки на обвинението за злосторства против човештвото и за поттикнување етничко чистење во Хрватска, БиХ и Војводина. Одлуката беше изречена без негово присуство пред судот, што е преседан за овој трибуналот.
Воислав Шешељ беше обвинет пред повеќе од десет години за поттикнување убиства и етнички прогон во неговите подбуцнувачки говори како лидер на Српската радикална партија.
Според обвинителите, Шешељ, кој за време на режимот на Слободан Милошевиќ беше заменик министер, покренал своја војска на волонтери кои ги индоктринирал со отровни идеи и ги испратил да вршат злосторства со цел создавање етнички чиста Голема Србија.
Шешељ беше во притвор откако му се предаде на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија во 2003 година. Тој се бранеше сам и постојано ги отфрла обвинувањата.
Шешељ, кој има рак на црниот дроб, беше ослободен во ноември 2014 година. Но, четири месеци подоцна судиите му наредија да се врати, оценувајќи дека тој ги прекршил условите за негово ослободување со тоа што им кажувал на неговите приврзаници дека никогаш нема да се врати во Хаг. Тој на 10 март пред Специјалниот суд за воени злосторства во Белград ги запали знамињата на ЕУ и на НАТО. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива
