September 6, 2014

Белград, 6. септември 2014 (ИНПРЕС) – Германскиот амбасадор во Србија, Хајнц Вилхелм изјави дека Србија не е неутрална, бидејќи го избрала европскиот пат и одлучила да стане членка на ЕУ.

– Јас не би рекол дека Србија е неутрална. Србија е во процес на преговори за членство во ЕУ, рече Вилхелм во изјава за српскиот весник „Курир”.

Вилхелм додаде дека тој ги разбира историските, културни и верски врски на Србија со Русија, но дека постои јасна одлука на желбата на српската влада за влез во ЕУ.

По повод започнување на разговорите за членство во ЕУ, Вилхелм изјави дека “нема сомнение дека напредокот на Србија е очигледен” и дека никој не може да го негира. (Крај)

извор: Курир.рс фото: архива