Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хотелиерите очекуваат добра туристичка сезона, голема исполнетост за Први Мај

Хотелиерите очекуваат добра туристичка сезона, голема исполнетост за Први Мај

1 min read

Охрид, 28. април 2023 (ИНПРЕС) – Исполнетоста на сместувачките капацитети на охриско-струшката ривиера за велигденските и првомајските празници најавува добра туристичка сезона, вели првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

За претстојниот продолжен празничен викенд хотелиерите очекуваат исполнетост од 70 до 80 проценти.

– Исполетоста е добра и повеќе од очекуваното. Според тоа, може да се каже дека ќе имаме и добра туристичка сезона на охридското крајбрежје, вели Блажески за МИА.

Иако цените за аранжманите се повисоки во однос на претходните години, сепак, тој тврди дека земјава останува поефтина дестинација во споредба со туристичките центри во регионот.

И овој продолжен викенд, додава Блажески, најмногу гости ќе има од соседството, а нема да изостанат ниту домашните посетители. Периодов, нагласи, актуелни се кружните тури пред се, со туристи од Турција, а има и локлани групи од Грција.

– Холанѓаните и годинава остануваат најбројни на ривиерата со редовни чартер летови на ТУИ Холандија. Новина се чартерите на ТУИ Англија од каде има голем интерес и очекуваме поголема исполнетост со англичани, истакна Блажески.

Во однос на туристите од Србија, но и за поголема посетеност на охридско-струшкото крајбрежје единствена пречка, според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери е изградбата на автопатот.

– Очекуваме поголем број туристи од Србија со авио-линијата Белград – Охрид, но мислам дека автопатот е единствена пречка за поголема посетеност. Штом ќе се направи се очекуа зголемување на српските гости за 30 до 40 проценти, а ќе се зголеми бројот и на домашни, нагласи Блажески. (Крај)

извор: Опсервер фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Инвентаризација на пештерите во НП „Галичица“ во околината на Трпејца
Next Да се применат во пракса активностите предвидени во планските документи, порачаа експертите од Бернската, Рамсарска конвенција и УНЕСКО на средбата во НП „Галичица“

Слични вести

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
1 min read

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.