Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хрватска гори-најкритично на Пелешац и Корчула

Хрватска гори-најкритично на Пелешац и Корчула

Загреб, 21.јули 2015 (ИНПРЕС) – Изгорена шума, угинати домашни животни, евакуирани луѓе се сликите и снимките кои од синоќа почнаа да пристигнуваат од хрватското крајбрежје, кое е зафатено од пожари поради високите температури кои деновиве го зафатија тој регион од земјата.

Како што јавуваат хрватски медиуми, околу 50 жители синоќа биле принудени да ги напуштат своите домови поради пожарот кој избувна околу 23 часот на полуостровот Пелешац. Таму синоќа било драматично. Жените и децата ги напуштиле домовите, а мажите останале да го гаснат огнот заедно со противпожарните екипи.

– Имавме вистински пекол на Пелешец, пожарите сè уште се активни. На ова подрачје има густа борова шума, пожарникарите од целата општина се тука, а ни помагаат пожарникари и од други општини. Сите се преморени, но не се предаваме , рекол Стјепан Симовиќ, командант на противпожарната бригада.

Денеска сè уште горат два километра густа борова шума во околината на Трстеник, кој синоќа беше евакуиран. Како што јавуваат хрватски медиуми во Трстеник речиси сè изгорело. Огнот дошол до самите куќи, но за среќа, не ги зафатил.

На островот Корчула, пак, по пожарот што гореше викендов, денеска огнот повторно се разгори и излезе од контрола. Најкритично е во регионот на Брно, каде што огнот досега зафатил над 500 хектари борова шума.

Засега нема информации за потешко повредени, ниту, пак, за загинати во огнената стихија. Во гасењето се вклучени многубројни противпожарни екипи, како и канадери и летачки трактори за гаснење.(Крај)

извор:Телеграф    фото:архива

Post navigation

Previous Давутоглу ќе ја увиди ситуацијата со нападот во Санлиурфа
Next Претседателството на БиХ во посета на Белград

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.