Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Хрватска од денеска ја легализира марихуаната за медицински цели

Хрватска од денеска ја легализира марихуаната за медицински цели

Загреб, 15. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Од денеска во Хрватска стапува во сила Правилникот на Министерството за здравство со кое се дозволува употребата на индиски коноп, односно марихуаната, за медицински цели за заболените од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

Според правилникот, како што јави ФЕНА, заболените од споменатите болести од утре со лекарски рецепт ќе можат легално да ги набават лековите што содржат тетрахидроканабинол (ТХЦ), донабимол и набилон.

Рецепти за овие лекови ќе можат да препишуваат лекарите по општа пракса, педијатрите на деца на предучилишна возраст и гинеколозите, врз основа на препорака на специјалисти по неврологија, интернистичка онкологија, онкологија, радиотерапија, инфектологија и невропедијатрија.

Лековите што содржат ТХЦ ќе можат да се издават за лекување до најмногу 30 дена, при што вкупното количество на тетрахидроканабионолит во нив не смее да биде поголемо од 0,75 грама. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Голема операција на Косово спроведуваат косовската полиција и ЕУЛЕКС
Next Повторно удавени бегалци во Егејското Море

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.