Охрид, 30. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Христина Трпеска е нов в.д директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
Во изјава за Супер радио и InPress вели дека решението од министерството за култура и туризам го добила денес, а преземањето на функцијата ќе се случи најверојатно во петок.
Трпеска доаѓа на местото на досегашниот директор Милчо Јованоски, кој на почетокот на месецов си поднесе оставка.
Христина Трпеска е вработена во установата како библиотекар, стручен соработник во заштита на културно наследство. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
