Јесоло, 20. април 2023 (ИНПРЕС) – Македонската репрезентација во традиционално теквондо е во Јесоло, Италија каде учествува на Европско првенство во ИТФ таеквонодо.
Нашата репрезентација имаше успешен старт и веќе освои еден медал. Христијана Парулеска од Охрид се закити со сребро. Инаку на првенството учествуваат 7 репрезентативци.
– На првиот натпреварувачки ден, на наше задоволство, репрезентација го доби првиот медал. Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја, изјави селекторот на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски.
На Европското првенство што ќе трае до 24-ти април, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија, Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска, Германија, Австрија, Словенија, Ирска, Велс, Бугарија…(Крај)
извор: ИнПрес фото: архива