Атина, 28. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос рече дека “не гледа причини” зошто Грција да не се врати кон економски раст.
Цакалотос рече дека очекува доверителите на Грција да одржат формално разгледување на планираните економски реформи до крајот на ноември, а ако одлуката им е позитивна, Атина може да почне преговори за намалување на долгот за рекапитализација на банките пред Божиќ.
Европската унија оценува дека грчкиот банкарски сектор ќе има потреба од 10 до 20 милијарди евра, но точниот износ на потребните средства ќе зависи од резултатите од стрес-тестовите и проценката на нивните средства.
Преговарачите се решени да постигнат договор до крајот на годината, кога влегуваат во сила правилата за внатрешно спасување на кредитните институции. Тоа значи дека големите штедачи, вклучувајќи ги компаниите ќе изгубат пари како дел од програмата за рекапитализација. (Крај)
извор: Kathimerini фото: архива