Царинската управа ја спроведе кампањата „Стоп за корупција“ на преминот „Ќафасан“ и царинските испостави Струга и Охрид
August 22, 2023

Охрид/Струга, 22. август 2023 (ИНПРЕС) – Царинската управа на Република Македонија ја спроведе кампањата „Стоп за корупција“ на граничниот премин „Ќафасан“ и на царинските испостави Струга и Охрид.

– Стоп за корупцијата за повеќе пари за автопати, за болници и училишта. Стоп за корупцијата за фер конкуренција и подобрување на условите за бизнис. Пријави на 197. Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава, порачуваат од Царинската управа.

извор: ИнПрес фото: архива