Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Цветковиќ нема да одговара за геноцидот во Сребреница

Цветковиќ нема да одговара за геноцидот во Сребреница

1 min read

Сараево, 2.јули 2015 (ИНПРЕС) – Босанскиот државен суд го ослободи поранешниот припадник на силите на босанските Срби, Александар Цветковиќ, од обвинението за учество во геноцид над Бошњаците од Сребреница, во јули 1995 година.

Судот на БиХ, во четврток го прогласи Цветковиќ, Овој поранешен член на 10-от диверзантски одред на војската на Република Српска е прогласен за невин по обвинението за учество во убиствата на повеќе од 900 мажи и момчиња муслимани, на фармата во Брањево, во близина на Зворник, по падот на Сребреница.

Судијата претседавач, Дарко Самарџиќ изјави дека во Сребреница е извршено големо злосторство, но сепак, вината за тоа треба да се утврди за секој случај поединечно.

– Во овој случај, поради недостиг на докази, судот имаше сомневања, дали обвинетиот учествувал во злосторството и затоа донесе ослободителна пресуда, истакна Самарџиќ.

Според него, обвинителството докажало дека Цветковиќ довел група на припадници на 10-от диверзантски одред на фармата Брањево кои ги извршиле убиствата на мажите од Сребреница, но како што рече, не докажало оти Цветковиќ лично учествувал во макасрот.

Како што додаде судијата, другите припадници на 10-от диверзантски одред, Франц Кос, Станко Којиќ, Властимир Голијан и Зоран Гороња сведочеле за одбраната и признале дека учествувале во убиствата, но дале искази дека не го виделе Цветковиќ за време на нападите. (Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous Патриотскиот фронт утре решава за поддршката на Владата на Борисов
Next Грците со поделени мислења во пресрет на референдумот

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.