Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Цела Хрватска трага по исчезнатите мајка и син

Цела Хрватска трага по исчезнатите мајка и син

1 min read

Загреб, 7.јули 2015 (ИНПРЕС) – Полициската управа на Меѓумурската жупанија сѐ уште нема сознанија за исчезнатите Ивана Фогадиќ и нејзиниот шестгодишен син Патрик. Откако мајката ноќта во неделата кон понеделникот напишала загрижувачки статус на Фејсбук, им се губи трагата, јавува Индекс.

Полицијата заедно со Хрватската горска служба за спасување вчера до 19 часот го пребарувале подрачјето каде последен пат бил забележан сигналот на мобилниот телефон на 29-годишната Ивана.

Потрагата продолжува денес, а на полицијата и горската служба им се придружиле и членови на локалните риболовни и ловечки здруженија. Индекс неофицијално пренесува дека во потрагата учествуваат десетици лица. во пребарувањето на теренот се користат сите расположиви средства, вклучувајќи чамци, теренски возила, сонари, беспилотни летала…

Исчезната пред да избега во непознат правец со својот автомобил опел астра на Фејбук објавила драматичен статус со кој го најавила исчезнувањето. Семејството, пријателите и познаниците стравуваат дека жената може да ги одземе својот и животот на детето. Во пораката на Фејсбук таа својот сопруг го обвинила за насилство и алкохолизам кои веќе не можела да ги поднесе.

– На крајот секогаш оставам насмевка за да ја скријам болката пред другите… Ова е сигурно последната таква насмевка… Ги нема повеќе и нема ни да ги има… На почетокот сакам да им се извинам на своите родители, за секоја непроспиена ноќ што ви ја наметнав, за секој претрпен страв што се појавил…

Не лутете се што ви го правам ова и немојте да плачете… ова е мој избор, а вие никогаш нема да бидете виновни за ништо, ми дадовте сѐ и повеќе од што можевте, ви благодарам и простете ми ако можете, иако се сомневам дека некој ќе може поради тоа што ви го земав внукот…

Мојата единствена СРЕЌА ништо од ова не заслужи, но сепак тргнува на пат со мене, само до делот каде што патиштата ни се разделуваат… Нему таму ќе му биде многу подобро! Знајте дека имате еден прекрасен мал ангел со кафеави очи кој весело ќе си игра на облаците, ќе ве гледа и ќе ви се смее на цел глас од срце најслатко како што само тој знае, напишала исчезнатата Ивана Фогадиќ на социјалната мрежа.(Крај)

извор:Индекс.хр фото:Индекс.хр

Post navigation

Previous Јункер: Исфрлање на Грција од еврозоната и ЕУ не е нешто што го сакаме
Next Euronews: Банките во Грција нема да работат уште два дена

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.