March 23, 2015

Берлин, 23. мар 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Берлин е на средба со германската канцеларка Меркел.

И покрај тоа што премиерот искажа оптимизам пред заминување, аналитичарите сметаат дека преговорите ќе бидат тешки и комплексни. Грчката влада соочена со големи финансиски проблеми неодамна побара од Германија да и исплати обесштетување за настаните за време на Втората светска војна, но Берлин тоа децидно го одби.

Според Ципрас, договорот за репарација од 1960 не ги покрил основните потреби на Грција, вклучувајќи ја и надокнадата за уништената инфрастуктура, воените злосторства и враќање на обврзувачиот заем кој нацистите го земале од окупираната Грција и никогаш не го вратиле.

Германија и должи на Грција околу 162 милјадри евра, што е половина од грчкиот долг. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива